Вечерва е финалето на Х-фактор – Македонија навива за Даниел

Даниел, Тамара, Маид, Лукијан и Доктори се петмината финалисти кои вечерва во живо ќе пеат за своите обожаватели, од кои очекуваат што повеќе гласови кои ќе ги доведат до победа.Петмината финалисти ќе испеат по една песна, по што ќе има гласање по кое двајца ќе го напуштат натпреварувањето.

Преостанатите тројца повторно ќе пеат и повторно ќе се гласа. По пресек на гласовите уште еден ќе излезе од натпреварувањето.

Останатите двајца натпреварувачи со по уште една песна ќе се борат за победа. Шоуто ќе се емитува вечерва на Сител телевизија, со почеток од 21 часот.