ВИДЕО: Бурата во Австралија носеше куќи и автомобили

Австралија е погодена од силна бура каква што со години не се памети во земјата. За само неколку минути под вода останаа големи површини на Сиднеј.

За 48 часа, на телефоните за итна помош се јавиле повеќе од 10 илјади граѓани. Водата носела и куќи и автомобили, а луѓето се спасувале бегајќи на покривите.

Најлоша е ситуацијата во градот Дангонг каде загинале три лица.

Брановите биле високи и до метри и главното пристаниште во Сиднеј било затворено, како и многу плажи.