Ден по неуспехот на историскиот референдум за независност неколку видеа го фрлаат во сенка резулатот. Откако руските набљудувачи се пожалија дека референдумот не бил спроведен во согласност со меѓународните стандарди, се појавија и видеа кои ги поткрепуваат овие нивни тврдења.
На првата снимка се гледа жена која ги префрла гласовите со заокружено „ДА“ во купчето со закуржено „НЕ“. Потоа е прикажан млад човек што потполнува изборни ливчиња во својство на набљудувач. И на крајот е покажано илегално полнење на гласачките кутии. Жена стои пред камерата, а друга го става купот заокружени ливчиња во гласачката кутијата.
По објавувањето на резултатите тензично беше и на плоштадот во Глазгов. Полициски кордон спречи стотици поддржувачи на Унијата да се судрат со противниците. Двете групи кои меѓусебно вербално се навредувале, подоцна противниците на Унијата се разотишле, но толпата која славела поради неуспешниот реферндум продолжила со дивеењето по улиците на Глазгов.
Во градот биле забележани и многубројни пожари. Денеска во Шкотската престлнина е мирно.