ВИДЕО: Израел срамни со земја облакодер во Газа

Ден откако срамни со земја тринаесеткатен облакодер Израел денеска продолжува со воздушните напади на појасот Газа.

Пред нападот на облакодерот Израел ги предупредил жителите да ја напуштат зградата.

Израелската војска објавила дека во урнатиот облакодер бил сместен команден центар на милитантите на Хамас, и дека на 10 минути пред нападот на зградата Израел истрелал предупредувачка ракета без експлозив. Локалните жители тврдат дека во облакодерот живееле 44 семејства. Палестински медицински извори тврдат дека во нападот биле повредени 17 лица.

Египет вчера ги повикал Израел и Палестина да прекинат со насилствата и да се вратат на преговорите. Сепак, засега нема никакви индикации дека преговорите, прекинати во вторникот, би можеле наскоро да продолжат.