ВИДЕО: Најстариот човек ја открива тајната на долговечноста

Пресмаи Петел од Индија тврди дека е роден во1896 година, што значи дека има 118 години.

Доколку е ова точно, тој е најстариот човек во светот.

Пресмаи вели дека за здравјето најважна е исхраната.Речиси никогаш не јадел месо, но зелениот зеленчук не го пропушта.

– Мојата исхрана е едноставна, секогаш јадам свеж зеленчук, а месо и риба воопшто не јадам – вели старецот.

Индиецот поседува документ од индиските власти во кој пишува дека навистина е роден во 1896. година.