Ласло Торочкаи, градоначалник на унгарската општина Ашотал, во близина на границата со Србија, снимил видео наменето за илегалните имигранти. Торочкаи на снимката со сериозен глас зборува дека сите кои легално влегуваат во Унгарија се добредојдени, а тие кои ќе се обидат да ја поминат границата илегално „лесно можат да завршат во затвор“.
„Унгарската граница е заштитена со бодликава жица и со илјадници полицајци и војници, вели тој, додека се прикажуваат кадри на безбедносни камери, полиција, воени хеликоптери, полициски возила, војници во акција и ограда од бодликава жица.
Тој на бегалците им порачува дека ако сакаат да стигнат до Германија, најбрзиот пат им е преку Хрватска и Словенија, дека Унгарија им е лош избор, а Ашотал најлош.
Видеото е насловено „Порака до илегалните имигранти“ и е поставено на Јутјуб вчера, а медиумите пренесуваат дека повеќе од очигледна е пораката на Торочкаи за заплашување на бегалците.
Погледнете го видеото: