ВИДЕО: За две минути остаре осум години

Хуго Корнелиер од својата дванаесетта година, осум години секојдневно правел селфи фотографија, а потоа направил фантастично видео спојувајќи ги сите фотографии.

Како што растеме и старееме не ги забележуваме промените на своето лице – додека сме млади изгледаме како да не сме остареле ниту еден ден.

Но, кога ќе наидеме на стари фотографии, гледаме колку сме се промениле.

Токму тоа го имал на ум Хуго Корнелиер кога одлучил да го забележи секој ден со селфи и да види колку ќе се промени неговото лице за време на растењето.