Викендов санкционирани 40 пијани возачи

Вкупно 40 возачи кои возеле под дејство на алкохол се санкционирани викендов на подрачјето на СВР Битола и СВР Тетово.

Во Тетово биле алкотестирани вкупно 47 возачи. Осум од нив управувале под дејство на алкохол и веднаш се исклучени од сообраќај. Во акцијата, исто така, откриени се и 25 други видови прекршоци за истечена регистрација, неатестирани фолии, управување без дозвола и непочитување наредба на полициски службеник. На прекршителите изготвени им се 21 платен налог и четири покани за наплата на глоба.

Во Гостивар вкупно алкотестирани беа 43 возачи, од кои шест биле под дејство на алкохол. При контролата, утврдени се уште 12 други видови прекршоци.

На подрачјето на СВР Битола во акциска контрола вкупно беа контролирани 203 возачи, при што се извршени 147 алкотестирања, кај 26 возачи е утврдено присуство на алкохол и се откриени 24 останати прекршоци од ЗБСП.

Одземени се 26 возачки дозволи, вкупно издадени се 41 платен налог, 33 возила се исклучени од сообраќај, издадени се четири покани за наплата на глоба, а седум возачи се предупредени.