Викендов снег, од понеделник стабилно, но ладно

Времето денеска е претежно облачно со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се интензивираат и ќе бидат претежно од снег поради што на повеќе места ќе се формира снежна покривка, а веќе постоечката ќе се зголеми. Пообилни врнежи ќе има во јужните и источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Утре претпладне ќе има повремени врнежи претежно од снег особено во источните делови од земјата. Во недела на места се уште ќе провејува слаб снег, а од понеделник следува период на стабилно и суво време со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во благ пораст. За време на прогнозираниот период ќе дува умерен ветер од северен правец.

Новите врнежи ќе допринесат за повторно влошување на состојбата со влагата во почвата, со што ќе се одложи припремата на површините за пролетната сеидба која вообичаено започнува во средината на март. Краткотрајното заладување ќе биде добредојдено за успорување на процесите за пролетното обновување на вегетацијата кај овошките кое е веќе во тек, додека негативните утрински температури на воздухот со овие вредности немаат негативно влијание.

Screenshot_5