понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 29

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го загрозува здравјето на голем број деца, за да обезбеди повеќе средства за партиските вработувања

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ активно ќе ја следиме оваа ситуација и сакаме да потенцираме дека им стоиме на располагање на родителите на децата коишто беа опфатени со оваа рехабилитација за било каква помош

Pratenici-na-VMRO-DPMNE-3

Поврзани вести

Остро се спротиставуваме на срамната одлука на Министерството за животна средина да ја укине рехабилитацијата на децата од Велес, Илинден, Осломеј и Возарци којашто е последица од многу децениското загадување на животната средина во овие места, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Крајно дрско и безобразно е СДСМ да ги лаже граѓаните дека во ребалансот на Буџетот за 2017 година се кратело од луксузи, а од друга страна си поигруваат со здравјето на многу деца кои имаат последици односно респираторни проблеми од работењето на Топилницата, Окта, ТЕЦ Осломеј и Фени. Не се крати од луксуз, се крати од здравјето на децата. Ова е вистинското лице на СДСМ. Со цел да обезбедат повеќе средства за партиските вработувања кои на големо ги спроведуваат во секоја државна институција, посегнаа по здравјето голем број на дечиња на кои што им беше неопходна оваа климатска рехабилитација која што веќе 15 години се спроведуваше во Пелистер“, се вели во соопштението.

Климатската рехабилитација, се додава, се одвиваше со цел и обид за закрепнување на децата кои што се соочуваа со респираторни проблеми и истата беше поздравена и оценета како многу успешна од страна на родителите на децата и медицинските лица.

„За македонската јавноста да биде информирана, средства за климатска рехабилитација која што требаше годинава да се одржзи по 16-ти пат беа обезбедени со Буџетот за 2017 година, но сега СДСМ со ребалансот ги укина овие средства со што ги остави овие деца и нивните родители на милост и немилост. Ова што го прави СДСМ не е кратење од некаков си луксуз туку кратење од животот на овие деца. Ова претставува демонстрирање на крајно неодговорно однесување на Министерството за животна средина и на Владата предводена од СДСМ. Зоран Заев и СДСМ наместо да го вратат животот како што ветуваа тие секојдневно го кратат животот на граѓаните на Република Македонија. Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ активно ќе ја следиме оваа ситуација и сакаме да потенцираме дека им стоиме на располагање на родителите на децата коишто беа опфатени со оваа рехабилитација за било каква помош којашто би значела повторно државата да си ги превземе обврските за лекување на овие деца“, потенцираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираме, додаваат, до Министерството за животна средина сериозно да ја преиспита оваа крајно нехумана одлука и да обезбедат средства како што беа обезбедени во изминатите 15 години, овие деца да продолжат со климатските рехабилитации, во спротивно најостро ќе се спротиставиме и ќе се бориме Владата на СДСМ да не мисли само како да ги вработи нивните партиски војници туку конечно да почне одговорно да се однесува спрема сите категории на граѓани.

Најчитани вести