Македонија

Волци изеле емигрант кој сакал илегално да влезе во Македонија

Волци изеле емигрант кој сакал илегално да влезе во Македонија

Безживотно тело на маж вчера околу 20 часот било пронајдено во околината на Ќустендил, соопштуваат бугарските. Трупот бил забележан од страна на случајни минувачи кои пријавиле во полиција.  Телото му било целосно изгризано, а трупот бил без глава и крајници.
Масакрот најверојатно го извршиле диви животни, пишуваат медиумите во Софија.

Станува збор за човек кој бил на возраст од околу 40 години, кој најверојатно бил нападнат од волци во обид да ја мине границата со Македонија. Во облеката мажот имал документи, кои дополнително ќе се вештачат.

Се’ уште нема прецизни информации за неговиот идентитет.