Вучиќ ги повика косовски Албанци на продолжување на дијалогот во Брисел

Српскиот премиер Александар Вучиќ ги повика денеска косовските Албанци на продолжување на дијалогот во Брисел, пишува електронското издание на „Блиц“.

Тој, на прес конференција, по прием на деца од Косовска Поморавија, се осврнал на заканите од страна на косовските Албанци и рекол дека поради тоа и’ предложил на албанската страна, што поскоро, без оглед на потенцијални избори, да го продолжат дијалогот во Брисел или било каде на друго место.

Според Вучиќ, важно е да се спуштат тензиите, а не да се предизвикуваат нови.

„Тоа е предлог за луѓето во Брисел и Приштина. Денеска би било полесно да одговорам на навреди и закани, но поважно е да направиме нешто да ја стабилизираме ситуацијта, да го сочуваме мирот и да разговараме за сето она што е клучен проблем“, истакнал Вучиќ.