За една недела санкционирани 1.049 возачи

СВР-Скопје изминатата недела спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје и од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 1049 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Притоа кај 54 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 90 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 63 возачи, додека пак кај 30 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 71 возач управувале возила со над дозволената брзина, и 52 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место. Исто така, изречени беа 60 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 72 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 31 прекршок за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 369 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање. За недавање првенство на минување изречен е еден прекршок, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 12 прекршоци, за непрописно престројување изречени се 11 прекршоци, за прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 10 прекршоци, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок, кај три возила е утврдена техничка неисправност a со пајак возило подигнати се вкупно 351 возило.

СВР-Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.