Засилената анксиозност ран знак на Алцхајмеровата болест?

Во САД секоја година меѓу возрасните лица се евидентираат 40 милиони новозаболени од анксиозно нарушување, односно чувство на општа возбуденост, нејасен страв без очигледен надворешен повод, голем стрес и загриженост, а најновата студија покажува дека кај постарите лица кај коишто споменатите појави се засилувале неретко се развиваат во Алцхајмеровата болест, се наведува во студијата објавена во стручното списание American Journal of Psychiatry.

Др Ненси Донован, геријатриски психијатар во бостонската болница „Brigham and Women’s Faulkner Hospital“ и нејзините соработници утврдил дека засилените симптоми на вознемиреност се поврзуваат со високото ниво на бета-амилоидите или протеинските фрагменти, своиевидни талози во нервното ткиво, коишто, пак, се поврзуваат со развојот на Алцхајмеровата болест во мозокот на постарите луѓе со нормални когнитивни функции.

Донован вели дека резултаите од нивната студија упатуваат на тоа дека засилените симптоми на чувството на возбуда и непријатност може да бидат ран знак за Алцхајмеровата болест.

Се проценува дека во САД денес живеат околу пет и пол милиони луѓе со оваа болест, а околу 5,4 милиони се повозрасни од 65 години.

Сите типови на деменција, вклучително и на Алцхајмеровата болест, предизвеикани се со умирање на мозочните клетки. Точните причини за Алцхајмерот се’ уште не се целосно јасни, меѓутоа научниците веруваат дека клучната улога ја имаат бета-амилоидите. Новата американска студија покажала дека анксиозноста има голема улога во зголемувањето на нивото на бета-амилоидите кај постарите лица. Претходните студии покажуваа дека депресијата и анксиозноста може да бидат индикатори за Алцхајмер, имајќи предвид дека симптомите на овие ментални нарушувања често се појавуваат во пораните фази од болеста.

Донован и колегите во истражувањето вклучиле 270 возрасни лица на возраст меѓу 62 до 90 година со нормални когнитивни функции. Сите по еднаш годишно во текот на петгодишен период биле подложени на позитронска емисиска томографија (PET/CT), за да се одреди нивото на бета-амилоиди во нивниот мозок. Сиптомите на анксиозност и депресијата кај учесниците на истражувањето се утврдени со помош на прашањата на геријатриската скала на депресијата (GDS).

Научниците утврдиле дека возрасните лица со засилени симптоми на анксиозност во петгодишниот период имале и поголемо ниво на бета-амилоиди во мозокот, што претставувало индиција дека засилената анксиозност може да биде ран знак за развој на Алцхајмеровата болест. Притоа Донован истакнува дека во секој случај треба да се спроведат дополнителни истражувања за да се потврдат претпоставките, но дека на анксиозноста кај постарите лица може да се влијае, а со самото тоа и на одложување на појавата на Алцхајмеровата болест.