Жена загина во тешка сообраќајка кај Кратово

архивска илустрација

Седумдесет и четиригодишната го загуби животот а уште пет лица се повредени во несреќата, којашто во четвртокот претпладнето се случи на патот Кратово – Пробиштип.

Полицијата жртвата ја идентификуваше како Д.И (74) од Пробиштип која починала во штипската болница, и прецизира дека несреќата се случила околу 8,40 се случила на патот Кратово – Пробиштип, кај местото викано Бигорска чешма, кратовско, како дека во несреќата повредени се пет лица, двајцата возачи и тројца сопатници.

Како што беше објавено, до несреќата дошло при судир на „рено меган“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.С.38-годишниот (38) и „фолксваген пасат“ со штипски таблички со кој управувал 54-годишниот Р.Е. од Пробиштип.

Сите повредени лица биле пренесени во Медицинскиот центар во Штип, каде Д.И. им подлегнала на повредите. На двајцата возачи им е укажана лекарска помош и се задржани во болницата, додека сопатниците К.Г. (45) од Пробиштип, Џ.Н. (43) од скопско Цветово и Р.А. (53) од Батинци се пуштени на домашно лекување по укажаната лекарска помош.