Секс

Жените одговорија како да ги доведете до силен оргазам

Жените одговорија како да ги доведете до силен оргазам

Познатото машко списание Men’s Health направи истражување помеѓу своите читатели во 35-те меѓународни изданија на прашањето „која вештина сакате да ја подобрите?“

Најчест одговор бил: заведувањето на девојки и како полесно да ја доведете до оргазам.

Со тој повод, списанието интервјуирало преку 100 девојки од целиот свет, за да им ја олесни работата на мажите барем малку.

Заведување

Од Грција стигнал советот дека игрите на заведување на почетокот се непотребни. Ако и го „фатите“ погледот, значи дека ве воочила. Жените преферираат мажи кои знаат што сакаат, но сепак постојат и исклучоци .

1. Што треба да направите?
Едноставно, пријдете без да се мислите. Користете го говорот на своето тело за да делувате самоуверено.

2.Ако седите – правете го тоа исправно. Сигнализирајте дека сте отворени за комуникација. Навалете се кон неа и покажете дека ве интересира нејзината приказна (тоа воедно и значи дека таа ве привлекува физички).

3.Бидете огледало – кога таа ќе посегне по пијалокот, пијте и вие. Кога таа ќе ја промени позицијата на телото – променете ја и вие.

4. Со која реченица да почнете? Најголем број од испитаничките се согласиле – едноставно само претставете се.

5.„Девојката која е облечена за да ги „запали“ сите мажи во дискотеката, веројатно е дека нема да си оди со вас дома – објаснува британски секс експерт. Таа советува да погледнете малку околу себе и да одберете девојка која е во друштво со помалку пријателки. Започнете со оние кои се потивки и срамежливи.

Како да ја доведете до оргазам

1.Со предигра до добар секс.
Предиграта е добра инвестиција. Започнете со неа многу порано пред да се соблечете. Жените нагласуваат – колку подолго чекате – толку оргазмот е подобар.

2.Нежности

Кога сте заедно, посветете внимание на деталите. Немојте да занемарите ниту еден дел од телото. Жените сакаат нежност и грубост истовремено. Комбинирајте нежни бакнежи со страствени допири. Разбудете ги сите нејзини сетила. Италијанките објаснуваат дека рецепт за женски оргазам е будење на женските сетила – допир, мирис и звук. Музика, миризливи свеќи, допири, бакнежи, вашиот мирис и здив – сето ова влијае за подобро доживување на сексот.

3.Каде брзате кога е сексот во прашање?

Ова прашање си го поставуваат најголем број од жените низ светот. Така ќе доживеете брз оргазам, а таа ќе ужива помалку. Ако почувствувате дека сте блиски, забавете, променете положба, направете кратка пауза.