10 трикови како игрите во спалната да потраат подолго

Секс пози кои гарантираат оргазам
Секс пози кои гарантираат оргазам

Многумина сакаат тоа божествено ужување наречено водење љубов да трае што е можно подолго, па поради тоа ви презентираме 10 трикови со кои се надеваме ќе ги продолжите игрите во спалната соба.

Уживајте во заведувањето

Многу двојки кои се во долги врски однапред најавуваат секс, што е добра тактика ако не сакате повторно да останете без секс. Ако знаете дека треба да имате секс, почнете со заведување неколку дена порано. Заведувајте го цела недела. А, ние замислувајте што би сакале во текот на сексот. Така, двајцата одвај ќе чекате да дојде до тој момент.

Бакнувајте се како тинејџери

Се сеќавате кога како тинејџери со часови сте се бакнувале? Каде исчезна тоа возбудување? Ако сакате долго да бидете интимни, почнете така почесто да се бакнувате. Љубете се, мазете се еден со друг секаде по телото. Поминувајте што подолго време во бакнување, додека возбудувањето не дојде до максимум.

Соблекувајте се полека
Соблекувајте се полека

Соблекувајте се полека

Не морате да изведувате стриптиз еден за друг за да уживате во глетката додека двајцата се соблекувате. Едноставно уживајте гледајќи си како се соблекувате. Можете да се соблечете и во бањата, па заедно да се истуширате.

Почнете со масажа

Како од секојдневниот живот да преминете на секс? Наједноставен начин да се ослободите од стресот и да се возбудите е да се измасирате по пет до 10 минути. Масажата двајцата ќе ве опушти. Масирајте му го вратот, горниот дел до грбот, средината на грбот, долниот дел од грбот, додека не дојдете до задникот – што ќе му причини особено задоволство.

Истражете ја секоја педа

Откако сте ги загреале телата со масажа, преминете на еротските зони истражувајќи ја секоја педа од телото на својот партнер. Доведете го до работ така што ќе доаѓате блиску до неговите најчувствителни точки, а потоа застанете тука. Посвете внимание како реагира кога го допирате на одредени места и следниот пат ќе знаете „каде се пали“.

Менувајте се

Златно правило: менувајте се. Некое време бидете вие кои прават се’ и го задоволува партнерот, а во следниот момент заменете ги улогите.

Истражете што го пали, а што го „лади“

Ако знаете што вашиот партнер го доведува до работ, правете го тоа до последниот момент, а тогаш преминете на нешто што помалку го возбудува и чекајте малку да се смири, а потоа вратете со во „опасната зона. Така ќе го продолжите сексот и ќе уживате долго.

Дишете

Ако се фокусирате на дишењето, подобро ќе се опуштите во текот на ссексот и повеќе ќе уживате. Акко во текот на сексот се чувствувате напнато или нервозно, длабоко дишење ќе ве опушти.

„Стопете се“ емоционално

Кога ќе влезете во еротската зона со партнерот, искористете ја да се поврзете. Не се фокусирајте само на тоа како да го продолжите уживањето, туку трудете се и емотивно да се поврзете. Одржувајте контакт со очите и кажете му среде секс колку ви значи.

Барајте уште

Ако вашиот партнер се заморил, а вие сакате уште, немојте да се срамите да му кажете. Можеби нема да може да има секс, но најверојатно ќе има волја да ви пружи задоволство. Или почекајте да се одмори па тргнете во втор круг.