Вчера ученичка која поминувала на пешачки премин во населбата Хром во Скопје околу 15 часот е удрена од автомобил југо. Министерството за внатрешни работи утрово ја потврди информацијата.
Според полиицискиот билтен вчера во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче.
Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Фото: skopjeinfo.mk