![koco racin](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/koco-racin.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
На денешен ден, 22 декември 1908 година, пред 115 години во Велес е роден Кочо Рацин, македонски поет и револуционер.
Познат е по својата поезија и е еден од основоположниците на современата македонска книжевност и литература.
Неговата стихозбирка „Бели мугри“ која е издадена во Загреб во 1939 година, претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија.
Истата е најпреведувана македонска стихозбирка и издадена на сите светски јазици и на јазиците во многу други земји.
Велешките ученици во сите години наназад сè уште напамет ја учат целата стихозбурка „Бели мугри“ а некои од најпознатите песни како „Денови“ „Ленка“ „Тутуноберачите“ и „Копачите“ во наставата по македонски јазик ги учат напамет и анализираат нивните социјално – револуционерни пораки и сите основци и средношколци во земјава.
Загинал во несреќен и неразјаснет случај во месноста Лопушник, во близина на партизанската печатница, Кичевско, на 13 јуни 1943 година.