12-годишно дете донесено починато во болница

Родителите го донеле во битолската болница телото на нивниот дванаесетгодишен син кој починал во домот.

Од полицијата информираат дека трагедијата се случила во неделата, а станува збор за момче од селото Лера, битолско.

Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.