12-те странци заболени од Ковид-19 се чешки полицајци на границата кон Грција

Дванаесетте странци кои денеска се регистрирани како заболени со ковид-19 се дел од чешкиот полициски контингент во рамки на контролата на границата кон Грција, објави ТВ Телма.

Според Телма, 40 припадници на чешката полиција оваа недела требало да бидат заменети со нов контингент и поради тоа барале тестирање на ковид 19 во Центарот за јавно здравје – Гевгелија. Никој немал симптоми, но резултатите покажале дека 12 полицајци биле заразени. Тие веднаш се ставени во изолација по што ќе биде одлучено дали ќе се враќаат во Чешка или во Македонија ќе останат до излекувањето. Сите нивни колеги се ставени во изолација.

Во тек е тестирање на уште 30 полицајци од Австрија и од Словенија.