Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 55 пациенти, а вкупно се лекуваaт 657 болни, сомнителени и потврдени за КОВИД -19
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 657 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 27 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 8 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле и на Клиниката за детски болести не биле примени нови болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 313 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 135 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 145 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 18 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.
Вкупно 657 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 56 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 887 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 887 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 141 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 81 пациенти, во Кочани и во Кичево по 28, Кавадарци 73, а во Гевгелија 27 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1545 и има околу 238 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.