За денешното петочно мени во Нетпрес се одлучивме да направиме нешто посно па избравме француска мусака, а за десерт вкусна, но посна розен торта.
Состојки
1 морков
2 чешниња лук
200 гр соини трошки
Суви зачини
Сол
Бибер по вкус
100 гр доматно пире
2 кутии инстант пире од компири
Подготовка
Сварете ги соините трошки, исцедете ја водата. Потоа ставете да се динстаат моркови, па додајте ги соините трошки и зачините. Може да се додадат две три капки бело вино. На крајот додајте доматно пире.
Сварете две пакувања инстант пире, по упатството од кутијата. Земете тава и ставете половина од свареното пире, па потоа подготвената смеса, па остатокот од пирето.
Ставете да се запече на 200 степени 20 минути. Јадењето може да се служи топло и ладно.
Посна розен торта
Состојки
1 л вода
15 лажици брашно
6 лажици шеќер
250 гр маргарин
5 лажици шеќер во прав
250 гр посно чоколадо за готвење
7 лажици масло
Подготовка
Во 2 дл вода изматете го брашното, а во 8 дл додајте шест лажици шеќер и оставете да проврие. Кога ќе проврие сварете го брашното, варете со непрекинато мешање додека не ја добие потребната густина. Оставете да се излади.
Потоа, изматете го маргаринот со шеќерот во прав и постепено додавајте го веќе готвениот фил, лажица по лажица и непрекинот мешајте. Стопете 100 гр чоколадо и додајте во филот. Измешајте ја со лажица смесата за да се соедини и наизменично филувајте ги користе. Последната оставете ја без фил.
Стопете 150 гр чоколадо со седум лажици масло и прелијте преку целата торта. По желба можете да изрендате бело чоколадо.
Пријатен апетит!