јзиниот тим без никаков правен основ, и свесни за фактот дека дејствуваат спротивно од законот, испраќаат инструкција во сталинистички стил до вработените во Труд и социјала, во која даваат насока секој документ кој значи одговор на институцијата до граѓаните да биде претходно одобруван од претседателот на комисијата на СДСМ Царовска, која не е вработена во институцијата за што сведочи овој мејл кој се појави во медиумите.
Ова е тотално скандалозен чин на Ременски, кој е спротивен на законот и претсавува однесување кое е незапаметено во политичката историја на државата. Да се даде наредба секој приватен податок на граѓаните да оди на увид во Бихачка потсетува на најцрните денови на едноумитео, каде што се одеше на проверка во партијата.
Доказ дека Царовска не е вработена во министерствто е овој документ од кој јасно се гледа дека Мила Царовска е вработена во невладината организација „ХЕРА“. Мила Царовска е ангажирана во невладината организација ХЕРА, каде што работи како програмски координатор и почнувајќи од 06.04.2012 година сеуште е во работен однос на неопределено време за што сведочи извод од М1/М2.
Скандал по скандал
Јавноста жестоко реагираше на овој срамен чин на техничката министерка Ременски и обидот за партизација на институциите спроти секоја елементарна логика и спротивно од законот.
Но Ременски одигра – како што не требаше. Наместо извинување, таа продолжи со уште поголема ароганција и однесување во стил на божество, притоа потценувајќи ги граѓаните и изразувајќи непочит и кон законот и кон институциите и кон народот.
„Курир“ пишува за нови докази за самоволието и башибозук-политиката на Ременски.
По нејзина наредба, до вработените во Труд и социјала е испратен нов маил, со кој се бара на лицето Ми