Скандалозното работење на Ременски од старт ја делегитимира политички

ла Царовска кое е претседател на комисија на СДСМ и е невработена во Труд и социјала, да и се отвори и службен мејл. Очигледно е дека Ременска ги игнорира реакциите на јавноста и продолжува со однесување кое не беше карактеристично за неа и кое и предизвикува серија на негативни политички поени.

mail-2

За скандалот во најава, да е уште поголем, покрај за Царовска се бара отворање на нов службен мејл и за уште едно лице кое е невработено во Министерството кое таа технички го раководи, а тоа е лицето Кристина Пеповска. Пеповска во моментов има статус на невработено лице во Агенцијата за вработување на РМ, што се потврдува од изводот М1/М2, и таа нема засновано работен однос во Министерството за труд и социјална политика, но и покрај тоа по налог на Ременски се претставува како функционер.

popovska850

Експерти: Постои политичка, морална, дисциплинска и законска одговорност

Експерти за „Курир“ и велат дека покрај тоа што ова однесување уште од старт ја делегитимира Ременски политички, покажувајќи го немањето на капацитет или пак можеби незнаењето да се раководи со сериозна државна институција, и нејзиниот неморален обид за партизација на министерството за труд и социјална политика, постојат и редица на одговорности за лицата кои ја спроведуваат нејзината политичко-партиса директива, кои можеби се под притисок на техничката министерка но можеби и свесно влегуваат во овој атак врз законите и приватноста на граѓаните.

Службениците кои ги спроведуваат насоките на Ременски, можеби се жртвуваат од нејзина страна, независно дали тоа е свесно или од незнаење. Експерти до областа на административното право тврдат за „Курир“ дека овие лица кои слепо ја слушаат Ременски извршиле сериозни повреди на службената должност, како несовесно и небрежно вршење на работните задачи, злоупотреба на статусот на државен службеник, злоупотреба на доверените овластувања во вршењето на работните задачи, злоупотреба на доверливи податоци и однесување спротивно на одредбите на Кодексот во поглед на законитоста во работењето.

Од документите може да се увиди и дека тие кои работат по налог на Ременска и фаворизираат делегирање на службени задачи на лица како што се Царовска и Пеповска кои не се вработени во министерството постапуваат спротивно на Законот за административни службеници, односно извршиле повреда на службената должност бидејќи овозможиле пристап до електронскиот мејлинг систем на Министерството за труд и социјална политика на лица кои не се вработени во министерството и немаат статус на државни службеници, а со тоа овозможиле лицата лажно да се претстават како вработени во министерството и да обезбедуваат податоци во име на министерството за непозната цел.

Ременски и нејзините партиски инсталации во министерството ги довеле во заблуда сите вработени во министерството што пак претставува и основ за инкриминација по други основи.