Во близина на Мостар експлодира пиротехничко средство

Во тунелот Салаковац во близина на Мостар синоќа одекна експлозија, најверојатно предизвикана од пиротехничко средство така наречено топовски удар.

Директорот на Државната агенција за истрага и заштита на Федереацијата Босна и Херцеговина (СИПА) Перица Станиќ изјави дека инцидентот не е поврзан со тероризам.

Низ тунелот за време на експлозијата поминувал генерал Анто Јелеч, началник на заедничкиот штаб на Вооружените сили на БиХ, кој не е повреден, ниту неговото возило е оштетено.

Пиротехничкото средство било фрлено од автомобил кој го претекнувал возилото на генерал Јелач.