Вонредна состојба на Крим

Вонредна состојба е воведена на Крим поради недостиг од електрична енергија со која Крим се снабдува од Украина.

Сите служби за вонредни ситуации се ангажирани во врска со тоа, јави Тасс.

Руското Министерство за вонредни ситуации исто така потврди дека на Крим нема струја. Засега нема објаснување за причините за таа ситуација, наведува Тасс.