Од терористичките напади во Париз, на 13 ноември, до денеска во регионот на Париз се уапсени речиси 300 лица, изјави шефот на париската полиција Мишел Кадо..
– Вкупно 298 лица се наоѓаат во затвор, додека 71 лице е во домашен притвор, прецизираше Кадо, пренесува МИА.
Тој додаде дека ширум регионот, вклучувајќи го и Париз, се разместени 10.200 полицајци и 6.400 војници, чиј приоритет се станиците, аеродромите, големите јавни објекти, владини згради, установи на културата, медиумски компании и болници, пренесуваат француските медиуми.
-Нивото на закана останува зголемено, рече Кадо додавајќи дека на Интернет се објавуваат заканувачки пораки од Исламска држава во кои Франција е јасна цел.
Кадо наведе дека по нападот е забележен извесен број расистички или антиисламски испади, но тој ја пофали главно одговорната реакција на француската јавност.