Рускиот авион урнат поради евтина нафта која влегува во Турција?!

Медиумите објавија дека Билал Ердоган, синот на турскиот претседател, наводно е поврзан со терористите на Исламска држава и дека се занимава со трговија на нафта која преку нив влегува во Турција. Имено, се наведува дека проблемот настанал кога Русите почнале да бомбардираат цистерни кои превезуваат нафта што ја поседува ИСИС.

На интернет кружи и фотографија од Билал Ердоган, на која позира со водачите на Исламска држава а директорот на Центарот за стратешки конјуктури Иван Коновалов изјавил дека Турција намерно ја спречува операцијата на руската војска токму поради ефтината нафта.

erdogan

Истиот извор наведува дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган во соборувањето на авионот го известил началникот на Генералштабот на турската војска и деќа ќе разговара со прмиерот Ахметом Давутоглу, пренесува Ројтерс.

Евтината нафта која терористите на Исламската држава ја префрлаат во Турција може да биде вистинската причина за соборување на рускиот бомбардер Су-24 јавува рускиот ТВ канал LifeNews повикувајќи се на експертите.

Турција намерно ги попречува операциите на руската војска во Сирија поради тоа што на територијата терористите на ИД транспортираат евтина нафта во Турција, а руските авиони бомбардираат колони цистерни“, вели воениот експерт, Иван Коновалов.

Инаку, медиумите претходно објавуваа и дека Ердогановата ќерка Сумеј претходно и се придружила на Исламска држава и дека работела како медицинска сестра која помагала во лекување на нивните борци.