Ердоган: Употребата на С-400 против турските ловци, ќе се смета за агресија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, вели дека употребата на противвоздушни ракетни системи С-400 против турските ловци над Сирија, ќе го смета како агресија.

Ердоган за „Си-Ен-Ен“ истакнал дека таквиот развој на случвањата е сосема веројатен и дека Турција ќе биде приморана да преземе итни мерки, пренесува „Спутњик“.

Ердоган додал дека соборување на турски ловец ќе се смета за агресија кон суверена држава и дека таа има право да се заштити. Како што вели, Анкара нема да се извинува за инцидентот околу соборувањето на Су-24.

Мислам дека ако некој треба да се извини, тоа не сме ние. Нашите пилоти и вооружени сили само си ги извршувале обврските кои се состојат во тоа да одговорат на кршењето на воздушниот простор, рекол Ердоган.

Тој кажал и дека побарал состанок со шефот на руската држава, во Париз на 30 ноември, но одговор не добил. Шефот на руската држава подоцна соопштил дека не добил никаков повик од турскиот претседател.