
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните делови со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од четири до 11 Целзијусови степени.
Во Скопје облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до седум Целзијусови степени.
Во недела ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето и повремено засилен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе провејува снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат малку повисоки.