– Најголемите Национални ТВ станици се АПСОЛУТНО ПРОТИВ ПАРТИЗИРАЊЕ на Агенцијата, односно се противиме ВЛАСТА или/и ОПОЗИЦИЈАТА да именуваат членови на СОВЕТ или пак да го именуваат ДИРЕКТОРОТ на АГЕНЦИЈАТА ЗА МЕДИУМИ или било кое друго лице кое ќе работи во оваа Агенција
– Во Советот на Агенцијата за медиуми не може да членуваат членови од МАН или ЗНМ а да нема претставници од ММА ( Асоцијацијата на Национални Терестријални ТВ станици ). Не се согласуваме новинари да одлучуваат за нашиот медиумски бизнис.
– Се противиме и не прифаќаме ДИРЕКТОРОТ на АГЕНЦИЈАТА да има неограничена моќ при казнувањето шта ќе резултира и со можност за одземање и на лиценци на телевизиите и при тоа евентуалната судска тужба да НЕ ЈА ОДЛОЖИ казната која може да биде драконска!
– Категорично сме против тоа да ДИРЕКТОРОТ на АГЕНЦИЈАТА сам да може да одлучува : што е а што не е објективно новинарство,непристрасно новинарство, кој негува а кој не морални и хумани вредности, дали новинарите и уредниците во својата работа се одговорни или се неодговорни, самостојни или не, или независни или не…и повторно да може БУКВАЛНО да затвори некоја ТВ станица по свое сопствено убедување, поради нарушување на една од овие категории
– Наместо да се намалат и онака огромните казни, предлогот на СДСМ е тие да се покачат за 3 до 4 пати, и при тоа да можат да се воведе казна за физички лица од медиумите во висина од 20.000 евра! Бараме минимални казни во работењето на медиумите, при што ќе мора да се применат неколку предупредувања и сугестии пред да се донесе одлука за одредена казна.
На ваквиот предлог закон за медиуми понуден од СДСМ реагираат од владејачката партија. Оттаму велат дека предлозите на опозицијата за измени во законската регулатива за медиуми се срамни и фашистички. Според ВМРО-ДПМНЕ концептот на СДСМ е а ниво на воведување на диктатура и државна цензура од типот на Северна Кореја. Предлозите на СДСМ, кои ги виде јавноста, за ВМРО-ДПМНЕ се одраз на лагите кои СДСМ со години ги зборуваше, дека се бори за слобода и за демократија. СДСМ повеќе не може да лаже дека се борат за слобода. Нивната борба е борба за гола власт и за функции. СДСМ со овие ужасни предлози докажа дека е спремен да ги лаже новинарите, да ги лаже медиумите, да ги лаже граѓаните, само со цел да дојде на власт, а потоа да им наштети на сите, се наведува во соопштението од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека предлозите на СДСМ се невидени и не постојат како концепт во ниту една европска држава.
СДСМ бара претседателот на Агенцијата за медиуми по свое убедување да дава или одзема лиценци
Според барањата на СДСМ нивниот претседател на Агенцијата за медиуми ќе има право да дава или одзема лиценци за работа на медиуми врз основа на свое лично убедување, а не со одлука на Советот на Агенцијата. Истиот тој човек ќе има слобода сам да одлучува дали некој медиум треба да биде казнет, дали работи објективно и непристрасно, дали ги почитува правата и слободите и дали негува хумани и морални вредности. Уште поскандалозни се барањата на опозицијата за зголемување на казните од 10.000 на 50.000 евра, како и за поставување свое раководство во Македонската радио телевизија. СДСМ бара и укинување на одговорноста на членовите нa советот доколку нанесат штета на радиодифузерите. За експертите е спорно зошто би се укинала одговорноста и какви сценарија подготвува опозицијата.
Остри реакции на ваквите предлози на СДСМ изнесоа и двете новинарски здруженија МАН И ЗНМ.