Возете внимателно, коловозите се влажни.
Прилагодена брзина на движење, внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, препорачува АМСМ. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци, каде е можна почеста појава на одрони: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово,.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.