Зоран Заев е брат на Вице и креатор на економската теорија „евро кај Вицето, за мене и евро за црквата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференцијата на Зоран Заев.
Зоран Заев е човекот без ниту едно дело и проект зад себе.
Заев е човекот кој ја приватизираше Струмица и направи тендерска мрежа со фамилијарните фирми и со компаниите на блиските пријатели.
Заев е и човекот кој не може да си го изброи и сопственото богатство и богатството на кланот Заеви.
Огромно е лицемерието кога ваков човек ќе зборува за плати и пензии и кога наместо за проекти зборува за деструкција.
Уште поголемо лицемерие е кога СДСМ поради теснопартиски интереси сака да ја блокира државата и сака пензионерите да ги остави без пензија, работниците без плата, социјално ранливите категории без социјална помош.
Политиката на СДСМ наместо на фокусирање на проекти се сведува на ставање во неизвесност на егзистенцијата на 300 илјади пензионери чија судбина зависи од деструкцијата на СДСМ и дневниот интерес на раководството на СДСМ.
Тоа е политика за создавање на хаос и газење на државните интереси.
Таа политика ќе биде казнета од граѓаните за 145 дена, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.