Бензема: Сакав да го предупредам Валбуена, не да му наштетам

Членот на Реал Мадрид истакна дека сите новинарски шпекулации се невистинити, а до целата забуна е дојдено поради неговиот пријател од детството, Зенати.

Ме обвинуваат како да сум криминалец и говорат дека сум направил ужасни работи. А немам направено ништо. Она што се случи е едноставно – дознав дека постои видео од Валбуена и му пријдов за да го предупредам, но тој веќе го знаеше тоа. Му реков дека можам да му помогнам бидејќи имам пријател во Лион кој се движи во тие кругови (Зенати). Со Валбуена никогаш не сум разговарал за пари и тоа е она што ме убива при секое пишување на медиумите дека сум сакал да изнудам пари. Зошто би го направил тоа, па јас многу добро живеам и заработувам. Уценувачите не ги ни познавам, Зенати е мој пријател од детството кој беше во затвор, но сврте нов лист во својот живот, истакна Бензема.


Валбуена
во своите први изјави за случајот упати сериозни критики и обвинувања кон Бензема, но голгетерот на “кралскиот клуб” сепак верува дека страстите целосно ќе се смират.

Валбуена не мислеше така, вознемирен е и јас го разбирам. Заедно ќе се вратиме во репрезентацијата и ќе го освои ЕВРО 2016, оптимист е Карим Бензема.