Преку проектот „Македонија Вработува“ се предвидува субвенционирање на вработувањето инвалидни лица. Се доделуваат 20 просечни плати на работодавачот кој ќе вработи инвалидно лице, а доколку како трговец-поединец се јави инвалидно лице, самото лице ги користи 20-те плати. За 2016 за оваа програма се предвидени 200 милиони денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на сооптението од СДСМ што се однесуваше за лицата со попреченост.
Преку програмата за самовработување инвалидните лица имаат можност за основање сопствен бизнис за што се предвидени неповратни грантови. За дополнително отворање нови работни места се предвидени дополнителни средства. За оваа програма во 2016 се предвидени 49,4 милиони денари.
Од 2006 до 2015 за субвенционирано вработување на лица со инвалидност потрошени се 960.411.700 денари.
Досега се дадени 2.260.798.019 денари за поврат на придонеси за заштитни организации. За во 2016 за истата ставка се предвидени 420 милиони денари.
Од 2012 година е воведено правото на додаток за слепило за потполно слепи лица односно лица кај кои што постои оштетување на видот од 98% до 100%, со навршени 26 години.
Воведено е и право на додаток за мобилност за лица со 100% телесен инвалидитет кои самостојно користат инвалидска количка со навршени 26 години и лица со квадриплегија или со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој кои користат инвалидска количка со придружник.
Воведено е право на паричен додаток за потполно глувите лица.
Зголемен е посебниот додаток за самохрани родители и материјално необезбедени родители на деца со пречки во развојот.
Воведен е посебен додаток за сите деца со Даунов синдром.
Отворени се два дневни центри за лица со аутизам Скопје и Штип.
Отворени се дневни центри за деца со оштетен вид во Кисела Вода и Велес.
Отворени се четири дневни центри за лица со интелектуална попреченост.
Се спроведе проектот 400 аудио книги за слепи лица.
Се спроведуваат обуки за знаковен јазик. Секоја година се обезбедуваат финансиски средства на Националниот сојуз на слепи на Република Македонија за набавка на тифло–техничките помагала кои што имаат голема улога во олесувањето на секојдневното живеење на слепите и слабовидни лица
Согласно потребите на слепите лица, започната е изградба на дактилни патеки кои значително ќе им го олеснат движењето по фреквентните места.
До сега отворени се девет инклузивни детски игралишта во Скопје
Изградени се пристапни рампи за лица со инвалидност. Бројот на објекти на државна управата кои имаат обезбедено услови за непречен пристап на лица со инвалидност изнесува 346, а од единиците на локалната самоуправа, бројот на објекти кои имаат обезбедено услови за непречен пристап на лицата со инвалидност изнесува 336.
Се спроведува проектот Достапна администрација за лица со хендикеп.
Од почетокот на 2016 ќе се воведе можност за рефундирање на средства (ослободување од данок и царински давачки) за набавка на патнички автомобил за сопствени потреби од страна на лицата со најмалку 80% инвалидитет на долните екстремитети или карлица, како и за потполно слепите лица со придружник.
Се обезбеди зголемување на средствата за националните инвалидски организации за 10 %.
Се спроведува проектот Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години и возрасни лица со телесен инвалидитет.
Се реновираше Специјалниот завод во Демир Капија, се вели во соопштението на СДСМ.