Германскиот парламент би требало денеска да се изјасни дали Берлин ќе даде воена помош во борбата против Исламска држава во Сирија.
Пратениците како што се очекува, ќе го поддржат тој план за кој се гласа по апел од Франција по нападите во Париз на 13 ноември во кои загинаа 130 луѓе.
Во тој случај, Германија во регионот ќе испрати воени авиони Торнадо, фрегата и 1.300 војници. Германките сили нема да учествуваат во борбени операции.
Ако планот биде одобрен, тоа ќе биде најголема воена операција што таа држава моментно ја спроведува во странство.