Александар Трајковски во хуманитарна акција

Трајковски во саботата го постигна својот прв гол во Серија А, откако мајсторски погоди откосо во подалечниот агол од голот на Фросиноне, во меч на кој Палермо славеше со 4:1.

Трајковски по мечот беше најдобро оценетиот фудбалер на сицилијанците на овој дуел, па неговиот дрес на крајот заврши на аукција на “Черитистарс”.

Дресот е со автограм од македонскиот репрезентативец и седум дена трае аукцијата на која ќе има наддавање за некој колекционер да го купи истиот. Процент од парите ќе одат во хуманитарни цели.

trajkovski