Ферари најави заминување од Ф1

Претседателот Серџо Маркјоне изјави дека клубот би можел да се повлече од натпреварувањето, а причината е новиот предлог на Берни Еклстоун, во кој стои да се воведат нови, штедливи и поекономични погонски единици.

Како што е познато Ферари пред неколку сезони започна со нов проект, а главна мета на доградување им е моторот кој ќе мора да го менуваат повторно ако се прифати предлогот на Еклстоун.

Покрај Ферари, против новите регулации се Мерцедес и Рено, од чии табори велат дека Еклстоун и Жан Тод мора да размислат двапати пред да донесат некоја одлука или да поднесат барање за промена на регулативите.