„Секој пат сме во приватните разговори поопуштени, послободни и зборуваме некои работи кои не ги мислиме и тоа е така“.
Освен тоа самиот тој призна дека ги навредувал сопартиците објаснувајќи ја приватноста.
„Знам да ги навредам моите сопартијци, знам некој пат да донесам одлуки и ги сопштувам брзоплето по телефон, но тоа е приватноста“, рече Заев за време на гостувањето во една телевизиска емисија.
Вистинската причина за бегство е расположението на граѓаните каде тој нема никаква поддршка од граѓаните. Бомбите не му донесоа раст на рејтингот, и понатаму СДСМ нема поддршка поради деструктивната улога на раководството.
Личниот рејтинг на Заев е неколкукупати понизок од рејтингот на Никола Груевски, а СДСМ има два пати помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите резултатите од неколкуте спроведени анкети во изминатиот период внесуваат страв и нервоза во раководството кое резултира со бегство од избори.
Екпртите неколку пати говореа дека токму затоа Заев пробива рокови, смислува нови услови, и предлози за медиумите, па не ги враќа материјалите, и таквата игра топло ладно треба да резултира со неговата интенција да избега од избори и повторно да ги изигра граѓаните.