
ЈП „Македонски шуми“ објави јавен повик за пројавување интерес за набавка на техничко и огревно дрво за 2016 година од Јавното претпријатие. На повикот може да се пријават физички и правни лица, а повеќе податоци за условите и начинот на апликација може да се најдат на веб-страницата на Македонски шуми www.mkdsumi.com.mk.
– Со цел да се избегнат проблемите што годинава се појавија во работата, за 2016 година предвидовме нов начин на продажба на огревно и техничко дрво. Тоа значи дека целокупната продажба на сите сегменти ќе оди по пат на јавниот повик што денеска го објавуваме и со склучување договори со сите корисници, информира директорот на ЈП „Македонски шуми“ на денешната прес-конференција, објави МИА.
Тој прецизира дека во јавниот повик се одредени крајните термини до кога може да се аплицира, а по нивното истекување, како што рече, нема да може да се склучуваат договори со ЈП Македонски шуми за набавка на техничко или огревно дрво. Во договорите, додаде, ќе биде прецизирано и до кога треба да се платат и достават дрвата во спротивно ќе има право за надомест на штета.
– Цените на огревното дрво