2000 сработени проекти, 470 вработувања и 250 000 посетители низ македонските музеи се само дел од импонзантните бројки во културната 2015 година. На меѓународен план се значајни претставувањата на македонската култура во Рим, неколку билатерални договори, концертите на Дуке Бојаџиев и Македонската филхармонија во Карнеги Хол, но и промовирањето на Македонија како значајна филмска дестинација – вели во ексклузивното новогодишно интервју за cooltura.mk, министерката Елизабета Канческа Милевска.
Ме радува позитивниот однос што Министерството за финансии и Владата го имаат кон Министерството за култура, а сработените 98 проценти велат дека сме имале успешна година” – вели министерката Канческа Милевска.
Големиот број сработени проекти, многу од нив од национален карактер, но и конкурси и стимулативни мерки се само дел од стратегијата на Министерството за култура која лани се покажа успешна. Македонија е единствена земја во регионот, но и пошироко, што стимулира издавање и превод на македонски дела на странски јазици, а ова е само една од многутте стимулативни мерки кои беа преземни изминатат година, а за кои беа дадени 97 милиони денари.
„Стимулативни мерки, се резултат на една сериозна анализа која ги детектура целите и слабостите, и тој документ ги даде очекуваните резултати, посебно во делот за уметниците“ – подвлекува министерката.
Бројката од 470 вработени лица во националните установи говори за сериозниот однос кон уметниците и стручниот кадар и грижата овие стручни лица да не ја напуштата нашата земја, туку да останат во овие институции, а таа тенденција, според Канческа Милевска ќе продолжи и во 2016 година. Грижата за постојаните музејски поставки, но и отворањето на нови во институции каде што претходно не постоеле, привлече многу туристи и посетители, а ја зацврсти и многу важната едукативна функција.
„Следната фаза е публикување на сите материјали од истражените артефакти, од културното богатство, од музејските депоа. Постои акционен план и осовременување на депоата и нашите институции тоа го следат во целост“, вели министерката Канческа-Милевска.
Во 2015 година во Македонија беа снимени 4 играни македонски филмови, неколку документарни и многу кратки и анимирани. Со измените за филмска дејност, беше воведен повраток на 20% на средстава со што нашата земја стана странска филмска дестинација за која се интересираат неколку познати компании.
Министерството за култура продолжува и со вложување во локалниот културен развој, во поддршка на невладиниот сектор од каде што како позитивен се издвојува примерот на „Јавна соба“, а во делот на културниот менаџмент и самоодржливоста како пример е посочен објектот Порта Македонија.
Во 2016 година приоритети на Министерството за култура ќе бидат капиталните проекти, локалниот културен развој , како и поддршката на проекти на заедниците, на лицата со посебни потерби и невладиниот сектор.
Вработувањата продолжуваат, а продолжува и изградбата на сала за Македонската филхармонија, изградбата и реконструкцијата на неколку театри, на неколку архитектонски градски јадра, филмската дејност и бројните конкурси.
Погледнете го видео интервјуто во целост и дознајте повеќе за се она што беше сработено изминатата година, и што ќе се реализира во оваа 2016та.