Италијанската полиција заплени 2,2 тони марихуана од Албанија и уапси четворица албански и една италијанска државјанка.
Вредноста на дрогата на нарко пазарот достигнува девет милиони евра. Полицијата заплени и 537 куршуми и еден пиштол.
Акцијата била спроведена на брегот на Пуглиа, каде шверцерите ја преземале дрогата која со моторен чамец била транспортирана од Албанија. Групата била следена подолг период.
Во меѓувреме полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро, во рамките на акцијата „Пикси“ заплени 100 килограми марихуана.