20 години по најголемата секс-афера, сепак сите зборуваат за овој потег на Моника Левински (ФОТО)

Моника Левински и денес добро живее од скандалот со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Аферата, која беше внимателно следена од целиот свет, беше откриена сосема случајно. Целата приказна експлодираше, а Левински потоа се најде на столбот на срамот.

За потсетување, Моника Левински дојде во Белата куќа откако во 1995 година дипломирала психологија . Потоа, на само 20 години, Моника го запознала американскиот претседател со кого ќе влезе во краткотрајна афера.

– Немав сексуални односи со таа жена – изјави тогаш Бил Клинтон, а таа реченица ќе остане запаметена како една од најпознатите изјави од неговиот мандат. И една од најголемите лаги, бидејќи Левински подоцна ќе признае дека имале орален секс.

Жената што го предизвика најголемиот скандал кој историјата го памети, оваа година полни 49 години, а промени неколку професии. Работи како претприемачка, психолог и забавувачка. По скандалот, таа живееше во Њујорк, Лондон, Портланд.

По аферата која го потресе целиот свет, Моника долго зборуваше за страдањето од посттрауматски стрес. Таа се повлече од јавниот живот за кратко време, но потоа одлучи да се соочи со медиумите.

Во 1999 година, таа ја основа компанијата „The Real Monica“ и продава чанти. По скандалот, таа смени неколку работни места, а меѓу другото, водеше и неколку емисии, се појави во серијата на ХБО „Моника и црно-бело“. Таа се појави епизодно во неколку серии, напиша колумна за „Венити фер“ и беше присутна во јавноста.

Од средината на 90-тите години, кога се случи скандалот, до денес, таа успеа да собере 1,5 милиони долари. Таа е една од првите луѓе кои успеаја да заработат на репутација што беше уништена од Интернет.

Таа доби аванс од половина милион долари само за книгата „Приказната на Моника“, објавена во 1999 година.

Како буцкаста жена, Моника доби милион долари за да ослабне од една компанија. И таа успеа.

Денес, меѓу другото, таа им помага на жртвите на насилство.

Наместо да бега од минатото и стравовите, таа одлучи да ги прифати и да живее со нив. Таа стана активист за човекови права и учествува во работата на многу организации кои ги штитат луѓето од вербално и психолошко насилство.

Во последните неколку дена повторно беше во центарот на медиумскиот интерес поради сериите што наскоро ќе ја видат светлината на денот.

По фантастичната играна серија „The People v. O.J. Simpson“ и „The Assassination of Gianni Versace“, креаторите ја носат „Impeachment“. Новата серија е базирана на политички скандал и афера на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата помошничка Моника Левински.

Пред телевизиската премиера на серијата, која ќе се емитува на 7 септември на каналот FX, се одржа промоција на ова достигнување, а актерските sвезди прошетаа по црвениот тепих.

На оваа манифестација беше присутна и Моника Левински, која е продуцентка на серијата. Поранешна вработена во Белата куќа го промени имиџот и денес изгледа дека веројатно не би ја ни препознале.

Погледнете како изгледа Моника денес.

ФОТО: Инстаграм