20-годишно момче од Велешта е една од жртвите во Виена

Дваесетгодишниот Неџип Вренези од струшко Велешта, е една од жртвите кои загинаа во синоќешниот терористички напад во Виена, пренесува ексклузивно порталот News33.tv.

Според информациите што истата редакција успеа да ги обезбеди, 20-годишникот починал откако бил застрелан од страна на терористите во моментот кога излегол да пуши цигара.

За потсетување, еден од напаѓачите, кого полицијата го совлада по неговиот убивачки поход, исто така е Албанец со потекло од Македонија.