Една од одлуките што ги носиме за новата година е да водиме поздрав живот, а тоа подразбира и редовен и среќен сексуален живот. Малите промени може да значат многу, а тоа особено важи за сексот.
Најважно е да знаете кои ви се приоритетите и да ги следите вашите природни потреби. Нема потреба од форсирање, но сепак треба да вложите напор ако сакате да имате подобар секс во 2018.
1. Сексот не треба да биде обврска. Следете и вашите природни биоритми и имајте секс, макар и на бринка, кога ќе ви се пружи прилика, а не по распоред.
2. Правете Кегелови вежби за зацврснување на вагиналните мускули.
3. Слушајте ги експертите. Не мора да се водите по сѐ што ќе прочитате, но ако имате проблем со партнерот, помошта од професионалец не е на одмет.
4. Не заборавајте на предиграта. Спонтаниот секс е супер, но кога веќе имате време и простор на располагање, опуштете се и уживајте целосно.
5. Тестирајте се. Нема подобро чувство од сознанието дека сте здрави и вашето тело е подготвено за секс без инхибиции.
6. Бидете искрени со вашиот гинеколог. Докторот не може да ви помогне 100% ако не му ги давате сите информации за вашата состојба и сексуални навики, колку и да ви се чинат вам банални.
7. Бидете активни. Вежбањето покрај тоа што ќе ви даде енергија и цврстина, исто така го зголемува либидото кај жените.
8. Проверете ги лековите. Ако имате период на опаднато либидо или чувствувате болка, пецкање или сувост при сексуалниот однос, проверете ги нус појавите на лековите што ги примате и консултирајте се со лекар.
9. Хранете се здраво. Исхраната може да има огромна улога во квалитетот на сексуалниот живот. Покрај тоа што ќе имате повеќе енергија и ќе бидете поздрави, со правилен избор на храна ќе избегнете подување, гасови и слични непријатности.
10. Не е важно кој е иницијатор. Кога очигледно има сексуална привлечност, навистина не е важно кој прв ќе иницира секс, важно е убаво да си поминете и двајцата.
11. Комуникацијата е најважна. Без разлика дали сте со истиот партнер подолго време или имате нов партнер, комуникацијата е клучна за врвно задоволство. Искрено кажете што ви се допаѓа, а што не, и исто така бидете отворени за мислењата на партнерот, неговите желби и потреби.
12. Чувајте го срцето. После 40-тата година внимавајте дополнително на срцевото здравје бидејќи проблемите со срцето се одразуваат на сексуалниот живот.
13. Одржувајте ја сексуалната енергија. Ако долго време сте во врска или брак, тоа не значи дека не треба да го освојувате партнерот и да му покажувате дека ви е сексуално привлечен.
14. Градете ја вашата самодоверба. Има многу работи што може да влијаат врз опаѓање на самодовербата, без разлика колку сте ја имале претходно (промена на телото, лична загуба, проблеми на работа). А самодовербата е многу важна за да може да се доживувате како сексуално битие, па редовно работете на нејзино градење.
15. Оставете сѐ на прагот на спалната соба. Проблеми со пари, со децата, со работата, со родителите. Оставете сѐ надвор, фокусирате се на партнерот и на уживањето.
16. Олабавете со алкохолот. Едно е да се опуштите со една пијачка, а сосема друго е да се опиете. Покрај тоа што е лошо за вашето либидо, пијанството само придонесува за неквалитетен, а честопати и неодговорен секс.
17. Земете сѐ предвид. Животот не забавува и не застанува, колку и да сакаме. Ако сте забележале дека немате желба за секс, прво земете предвид што ви се има случено изминатиот период и дали е ова задоцнета реакција на претходен стрес.
18. Внимавајте на хормоните. Намалената сексуална желба може да е резултат на хормонален дисбаланс. Ако ова чувство трае подолго време, консултирајте се со лекар.
19. Само вие двајца. Претходно ве советувавме да бидете спонтани и да се потрудите сексот да не ви биде обврска, но ако едноставно имате премногу „препреки“ организирајте се за да може да уживате. Тоа значи да имате време и простор определени само за вас.
20. Ослободете се. И кога сите „услови“ ќе бидат задоволени ви останува само уште едно: да се ослободите од сите стеги и ограничувања и да си дозволите неинхибирано сексуално уживање.