Помош од велешкиот Центатр за социјални работи за обнова на опожарената куќа

Помош од велешкиот Центатр за социјални работи за обнова на опожарената куќа
Помош од велешкиот Центатр за социјални работи за обнова на опожарената куќа
После вчерашната објава на медиумите за пожарот кој го зафати домот на 75 годишната велешанка, Марија Гуцева, надлежните институции брзо реагираа. Центарот за социјални работи од Велес интервенира со еднократна парична помош во максимален износ, а при обновата на домот ќе се донира мебел од акцијата „Се грижиме за топол дом“.
Пакети со животни намирници и облека ќе обезбеди Црвениот Крст.
Во пожарот целосно е уништена куќата и покуќнината, а жената е згрижена кај свои роднини.
Неофицијално, причина за пожарот била експлозија од стар телевизор.