Повикан бил и претходниот сопственик, 33 годишно лице од Штип, кој изјавил дека 04.01.2016 година камионот го продал на Џ.И.(24) од велешко, за кое на увид приложил купопродажен договор.
Од МВР информираат дека три лица од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, на 16 мигранти од Ирак им била издадена Потврда за изкажана намера за поднесување на барање за азил и истите ќе бидат спроведени во Кампот на Табановце, за 15 мигранти од Иран поднесен е Записник за прием на усно барање за признавање право на Азил, по што истите ќе се спроведат во Центарот за Азил Визбегово-Скопје.
За сите преземени мерки бил известен дежурен ЈО при ОКК-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот и пронаоѓање на сторителот.