Кражба во Ѓорче Петров, тешка над половина милион денари

Арамија се збогатил откако провалил во домот на скопјанец и украл поголема количина златен накит и пари.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи во саботата се случила тешка кражба во домот на 63-годишниот Ж.С. лоциран на улицата Ибе Паликуќа во скопската општина Ѓорче Петров.

Арамијата насилно влегол во куќа од каде одземал над 200.000 денари во евра и денари и златен накит, правејќи штета од 550.000 денари.

Арамијата со богатиот плен избегал во непознат правец, полицијата работи на негово пронаоѓање.