
Преубавата актерка Меријем Узерли која се прослави како Хурем се враќа на малите екрани,и тоа повторно како султанка.
Таа ќе ја толкува улогата на Косем султан во новата турска серија „ Величенствениот век – Косем“.
Серијата се подготвува од страна на TIMS а ќе раскажува за животот и настаните Цариград во времето на владеењето на пра-внукот на Сулејман и Хурем, Султан Ахмед I и неговата сопруга Косем. Таа има грчко потекло, ќерка е на свештеник од остовор Тинос. На само 15 години таа била продадена во харемот на султан Ахмед I.